Текстилниот сектор на удар од пандемијата: Фрчат откази, откако ќе завршат договорите на определено време

Фото: МИА

Зголемен е бројот на нови невработени лица во текстилниот сектор, кои биле одјавени од задолжителното социјално осигурување во речиси сите општини. Според податоците на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ), петте општини со највисок пораст на невработеноста се: Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово. Во нив, текстилната индустрија е најразвиена и има најмногу активни субјекти во овој сектор. Кај младите лица до 29 години, бројот на невработени исто така се зголемува. Петте општини со највисок пораст на невработеноста кај младите се: Штип, Струмица, Радовиш, Прилеп и Кочани.

– Најчест основ за прекинување на работниот однос во текстилната индустрија, во последните 5 години е истекот на определено време. Во 2020 година овој основ бележи раст од 123 проценти. Во овој период најголем раст за раскинување на договорот за вработување е присутен кај основот отказ на работодавачот и истиот изнесува 174 проценти, стои во анализата на ЗМАИ.

Најчестата причина за престанок на работниот однос во текстилната индустрија кај младите до 29 години, пред и за време на кризата е истекот на определено време. Порастот на овој основ во 2020 година во споредба со 2019 година е 165 проценти. Сепак најдоминантен пораст за престанок на работниот однос во 2020 во споредба со 2019-та е  отказ од работодавачот со 234 проценти, а потоа следат отказите од самите работници со пораст од 225 проценти.

Текстилната индустрија во вкупното производство на државата учествува со 12,82 отсто, вработува над 37.000 работници, а уделот во вкупниот извоз е околу 10 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот