Тековните и идни проекти беа главна тема на средбата Ангеловска – Мантованели

Денеска, новата министерка за финансии, Нина Ангеловска го оствари својот прв официјален состанок со директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјата, Марко Мантованели.

– Во Светска банка гледаме долгорочен верен партнер. Благодарение на нив нашите деца учат во нови градинки, училишта, имаме нови патишта, водоводи. Бенефитите ги чувствуваат сите од земјоделците до наставниците и здравствените работници. Во изминатите 26 години создадовме верен пријател кој ни помагаше и ќе ни помага на патот кон промената кон која целиме. Затоа заедно ќе продолжиме да работиме со уште позасилено темпо со цел позитивни промени и иновации што ќе придонесе за подобрување на животниот стандард на сите граѓани –  истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.

На состанокот беше разговарано за тековните и идните проекти како и за и аналитичките и советодавните услуги што ги обезбедува банката.

Во моментов тимовите на Министерството за финансии и другите ресорни министерства заедно со Светска банка работат на проекти во рамки на четиригодишната Стратегија за партнерство која Република Северна Македонија ја има со Светска банка. Со оваа Стратегија, во наредниот четиригодишен период ќе се реализираат проекти во вредност од 420 милиони долари.

Стратегијата е насочена кон подобрување на конкурентноста на приватниот сектор преку инвестиции во инфраструктурата и проекти за подигнување на конкурентноста, развој на човечкиот потенцијал преку инвестиции во образованието како и за зајакнување на управувањето со јавните финансии и поголема одржливост на енергетските извори.

На состанокот беше дискутирано и за Проектот за изградба и реконструкција на локални патишта во вредност од 70 милиони евра. Воедно се разговараше и за новиот проект за енергетска ефикасност кој ќе го спроведува МСИП како и за проектот за модернизација на земјоделството.

Стратегијата е во насока на поддршка на економскиот раст. Ангеловска потенцира дека резултатите се охрабрувачки.

– Имаме поинтензивен раст на инвестициите во уделот на БДП, континуиран силен раст на извозот, засилено кредитирање на приватниот сектор и пад на невработеноста на 17,5 проценти. Сето ова претставува реална основа за остварување на проектираниот економски раст за 2019 година од 3,5 проценти“, информираше Ангеловска.

Светска банка од 1993 година има инвестирано над две милијарди долари во проекти кои го поддржуваат економскиот раст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот