Тековната година е една од најтоплите регистрирани од 1850 година

Годината 2019 ќе биде една од трите најтопли години регистрирани од 1850 година, се вели во соопштението објавено денеска од страна на ОН на конференцијата за клима (COP25) во Мадрид.

Тековната година ќе заокружи една деценија „исклучителна жештина” погодена од шумски пожари, суши и топлотни бранови.

Помеѓу јануари и октомври, светската просечна температура е околу 1,1 степени Целзиусови повисока отколку во периодот 1850-1900 година, според Светската метеоролошка организација.

Така, во 2019 година се наоѓа на второто или третото место, по најжешката во 2016 година, чии високи температури тогаш придонесоа за природниот феномен на Ел Нињо.

Декадата 2010-2019 година „сосема сигурно” ќе биде најжешката досега регистрирана, оценува Светската метеоролошка организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот