Џастин Балдони, Тејлор Свифт и Блејк Лајвли / Фото: Profimedia

Тејлор Свифт вплеткана во драмата меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: Пејачката се чувствува „искоритено“ од најдобрата пријателка!

Пејачката Тејлор Свифт неодамна беше спомната во тужбата што актерот Џастин Балдони ја поднесе против актерката Блејк Лајвли, а поради тоа, како што изјавија извори за „Пејџ сикс“, „се чувствува искористено“ од својата пријателка.

Изворот откри дека на пејачката не ѝ се допаднало тоа што Лајвли ја нарекла „еден од своите змејови“ во наводните пораки што Балдони ги открил во својата тужба. Иако во пораките не се спомнати нивните имиња, многумина веруваат дека тие се однесуваат на Свифт и на актерот Рајан Рејнолдс, сопругот на Лајвли.

„Ако некогаш гледаш ‘Игра на тронови’, ќе ти биде драго што јас сум Калиси и, исто како неа, и јас имам неколку змејови. Во добро и во лошо, но обично во добро. Бидејќи моите змејови ги штитат и оние за кои се борам. Така што, сите имаме корист од моите прекрасни чудовишта. И ти ќе имаш, ти ветувам“, напишала таа.

Од снимањето на „Ова завршува со нас“ / Jose Perez / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Балдони алудирал на тоа дека Лајвли мислела на Свифт кога зборувале за нејзините измени во сценариото.

„Навистина ми се допаѓа што направи. Многу ми помага. Го направи сценариото поинтересно. (Ќе се чувствував така и без Рајан и Тејлор)“, ѝ напишал тој.

Извор сега тврди дека Свифт би сакала Лајвли да не ја „вовлекла во целата ситуација“.

„Свифт и Лајвли се пријателки со години, и Тејлор ги цени искрените пријателства, но не може а да не се чувствува искористено“, додал изворот и потенцирал пејачката сака „да се држи што подалеку од оваа драма“.

Блејк Лајвли и Џастин Балдони во филмот „Ова завршува со нас“ / Фото: Sony Pictures / Everett / Profimedia

Да потсетиме, Тејлор Свифт и Блејк Лајвли се пријателки веќе десет години, а се спријателиле откако актерката споделила фотографија од кампања на познат бренд, која се однесувала на музичкиот видеозапис на Свифт за песната „Bad Blood“. Со тоа го привлекла вниманието на пејачката и брзо станале најдобри пријателки.

Со години јавно се поддржуваат една со друга во различни проекти, но Свифт сè уште не се огласила во врска со конфликтот меѓу Лајвли и Балдони, кои заедно глумеа во филмот „Ова завршува со нас“ („It Ends With Us“).

ФОТО | Историска победа: Бијонсе ја освои првата награда Греми за најдобар албум во нејзината долгогодишна кариера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот