Тејлор Свифт го нападна Сорос: Пејачката е бесна – дознајте ја причината (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Пејачката Тејлор Свифт го нападна милјардерот и финансиер Џорџ Сорос, бидејќи тврди дека вложувал во нејзината кариера без нејзина дозвола.

Музичката ѕвезда за ова јавно прозбори откако ја подигна наградата за „Жена на декадата“. Таа го искористи моментот да го поткачи и инвеститорот Скутер Браун, кој на почетокот на ова лето ја купи оргиналната дискографска куќа на Свифт за 300 милиони долари.

– Откако ми е скратена можноста веднаш да ја купам својата музика, целиот мој каталог е продаден на компанијата „Скутер Браун со договор во кој се вели дека го финансирала компанијата „23 Капитал“ на семејството Сорос. Ова ми се случи без мое одобрување, советување или дозвола – рекла Тејлор Свифт.

Погледнете го нејзиниот говор:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот