Технолошки гигант ќе вложи милијарда долари во економско опоравување на Италија

Гугл лого / Фото Архива

Идејата е да се забрза економскиот раст на оваа држава по пандемијата на коронавирусот нудејќи и алатки, обуки и партнерства на компаниите и на луѓето кои останаа без работа.

Американскиот технолошки гигант „Гугл“ објави дека во наредните пет години има намера да вложи повеќе од 900 милиони долари за помош на Италија во економското опоравување по кризата.

– „Гугл“ е горд што е партнер во економското опоравување на Италија. Денеска најавуваме нов план за забрзување на економското заживување на земјата преку нудење помош на компаниите и на граѓаните кои бараат работа, истакна извршниот директор на „Гугл“, Сандер Пичаи.

Идејата е да се забрза економскиот раст на оваа држава по пандемијата на коронавирусот нудејќи и алатки, обуки и партнерства на компаниите и на луѓето кои останаа без работа.

– „Гугл“ е посветен да помогне на повеќе од 700.000 Италијанци, со цел вкупниот број до крајот на 2021 година да достигне повеќе од еден милион, се вели во соопштението на оваа компанија.

Италија е една од потешко погодените земји во Европа, а коронакризата најмногу ги зафати угостителството, логистиката, сообраќајот и трговијата.

Како што соопштива Италијанскиот статистички институт, од кризата погодено е 34 отсто од италијанското производство.

Исто така запрена е економската активност на 2,2 милиони претпријатија, што сочинуваат дури 49 отсто од вкупниот износ, притоа и 65 отсто од извозот беше запрен поради пандемијата предизвикана од Ковид – 19.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот