Техничка влада сега не е потребна, кога таа се воведе имаше режимско владеење, вели Лукаревска

Сања Лукаревска
Сања Лукаревска / Фото: Скриншот, Јутјуб

Техничката Влада е само еден член од Договорот од Пржино во 2016 година, но треба да повториме зошто и како беше направена, рече потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска вечерва во гостувањето на „Алсат“. Таа додаде дека техничката влада е резултат на тогашното режимско владеење.

„Причините и причинителот за тогашната техничка Влада е владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, која пак сега кажува дека не е потребна техничката Влада“, рече Лукаревска.

„Земја-членка на НАТО и земја којашто се стреми да биде од европското семејство секако дека можеби е непотребно да има еден ваков институт како техничка Влада. Ние немаме никаков проблем да не постои техничката Влада. Таа сто дена пред избори се грижи за спроведувањето на изборите од технички аспект, но и за тоа се потребни законски измени“, вели таа.

Лукаревска додаде и дека во меѓувреме треба да се работи на изготвување на нов Изборен законик, пред претстојните претседателски избори во 2024 година, како и редовните парламентарни избори кои ќе следуваат потоа.

Таа рече дека СДСМ ги почитува договорите, меѓу кои и оној од 2020 година кога се направи коалиционата Влада на тогашниот претседател на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети за технички премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот