Техеран: САД држат во затвор ирански научник под „нејасни обвиненија”

САД веќе седум месеци во затвор држат ирански научник под „нејасни обвиненија” дека се наводно обидел од земјата да изнесе хормони за раст, објавија медиумите во Иран.

Според истите извори, САД го држат „како заложник” 49-годишниот професор на техеранскиот универзитет „Тарбијат Модарес”, Масуд Солејмани, чија специјалност е истражување на матичните клетки.

Солејмани на 22 октомври заминал на шестмесечен студиски престој во САД, но, како што тврдат иранските медиуми, кога пристигнал на аеродромот во Чикаго, бил приведен од агенти на американското федерално истражно биро (ФБИ).

Братот на професорот, Расул Солејмани тврди дека семејството со месеци не знаело што се случило со него и на секое прашање добивале нејасни одговори. – Успеавме да дознаеме каде е тој, дури откако најмивме адвокат, додава Расул Солејмани.

Тој тврди дека неговиот брат бил изведен пред Суд дури на 14 мај, кога бил информиран оти е обвинет за „обид за изнесување на некои ампули со хормони за раст” со помош на двајца ирански студенти.

– Со сигурност можам да кажам дека мојот брат е заложник на американската Влада, вели Расул Солејмани, додавајќи дека неговото семејство досега молчело за случајот во интерес на „националната безбедност” на Иран.

Обвинувањата од Техеран дека САД како „заложник” држат ирански научник, доаѓа во време на зголемени тензии меѓу двете земји

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот