Техеран: Протести поради убиство на истакнат научник

Во Техеран денеска се одржа протест во врска со убиството на истакнатиот ирански научник и експерт за нуклеарно оружје Мохсен Фахризадех, на кој демонстрантите ги запалија знамињата на Израел и САД.

Околу стотина луѓе се собраа пред иранското Министерство за надворешни работи. 

Тие извикуваа пароли против САД и Израел и бараа одмазда. Беа истакнати транспаренти со написи „Ќе продолжиме со нуклеарната научна патека“, „Контролорите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се агенти на Мосад“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот