Техеран ќе ги продолжи меѓународните разговори за нуклеарната програма

Фото: МИА

Иран „дефинитивно“ ќе ги продолжи разговорите во Виена насочени кон заживување на договорот за иранската нуклеарна програма, изјави Саид Катибзаде, портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран, јави ДПА.

– Дефинитивно наскоро ќе ги продолжиме преговорите почнати во април за имплементација на нуклеарниот договор од 2015 година во Виена, изјави Катибзаде, без да прецизира кога тимот назначен од иранскиот претседател Ебрахим Раиси ќе ги продолжи преговорите.

Минатата недела, Раиси повтори дека Иран ќе ги поздрави преговорите „насочени кон целта” како дипломатски начин за решавање на нуклеарниот спор. Сепак, тие треба да се случат без никаков притисок и да се фокусираат на спроведување на договорот – особено укинување на американските санкции – нагласи тој.

Во април, преостанатите страни во иранскиот нуклеарен договор започнаа преговори за враќање на Техеран и Вашингтон, откако САД еднострано се повлекоа во 2018 година и повторно воведоа драстични економските санкции. Иран оттогаш ги крши условите од договорот.

Преговорите беа прекинати поради претседателските избори во Иран кон средината на јуни и сега треба да продолжат со новиот тим назначен од Раиси. Катибзаде зборуваше и за планираната посета на Техеран од страна на Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), но рече дека тоа сѐ уште не е потврдено.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот