Техеран им се закани на фудбалерите: Или ќе ја пеете химната или семејствата ќе ви се во затвор

Иранските фудбалери протестираа во знак на поддршка за жените/фото: EPA-EFE/Neil Hall

Властите им се заканија на семејствата на играчите на иранскиот фудбалски тим со затвор и тортура доколку играчите не се „однесат правилно“ пред денешниот натпревар против САД, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.

Имено, корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРЦГ) ги повикал фудбалерите на разговор откако тие одбија да ја пеат националната химна на првиот натпревар против Англија на 21 ноември. Изворот наведува дека на средбата им било кажано дека нивните семејства ќе бидат затворени и измачувани доколку на друг начин не ја пеат националната химна или политички протестираат против режимот во Техеран.

Фудбалерите ја пееја националната химна пред нивниот втор натпревар против Велс минатиот петок, кој Иран го доби со 2-0. Изворот, кој внимателно ги следи иранските безбедносни агенции кои се активни во Катар за време на Светското првенство, рече дека десетина агенти од ИРГЦ ги набљудувале иранските фудбалери, на кои не им е дозволено да се дружат надвор од тимот или да се среќаваат со странски државјани.

„Во Катар има голем број ирански безбедносни службеници кои собираат информации и ги следат играчите“, рече изворот, додавајќи дека Карлос Кеирош, португалскиот селектор на репрезентацијата на Иран, се сретнал со офицерите на ИРГЦ по нивните закани кон иранските играчи и нивните семејства.

Изворот не кажа каква е содржината на тој разговор. Имено, Кеирош изјави дека иранските играчи можат да протестираат на Светското првенство, но само во согласност со правилата на ФИФА. На играчите им ветиле скапи подароци и автомобили во пресрет на мечот со Англија, вели изворот, но режимот се свртел кон закани откако тимот одби да ја пее националната химна.

„Во последниот натпревар против Велс, властите испратија стотици навивачи за да создадат лажно чувство на поддршка кај навивачите. За натпреварот против САД, режимот планира значително да го зголеми бројот на такви актери и да ги испрати во илјадници “, рече изворот.

Иран и САД играат денеска во клучниот натпревар од групата Б.

Иран го осудил на смрт својот најдобар фудбалер во историјата?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот