Техеран ги затвори училиштата поради обилниот снег

Снегот започна да паѓа во раните утрински часови, а набрзо потоа се наруши сообраќајот во главниот град на Иран.

Отежнат сообраќај, нарушен воздушен сообраќај, затворени училишта, обилни снежни врнежи ги зафатија улиците на Техеран, со што се отежна животот на жителите во градот, соопштија градските власти.

Снегот започна да паѓа во раните утрински часови, а набрзо потоа се наруши сообраќајот во главниот град на Иран.

-Знаевме дека снегот ќе започне да паѓа во текот на ноќта и дека тоа ќе влијае на сообраќајот во градот- рече началникот на сообраќајната полиција во Техеран, Мохамадрез Мехмандар, на државната телевизија.

Летовите или доцнат или се откажани

Поради обилниот снег, сите училишта во главниот град и во некои околни провинции се затворени.

Снежните врнежи го нарушија и воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром Мехрабад кај Техеран, каде до пладне скоро сите летови беа одложени или откажани.

-Воздушниот сообраќај функционираше нормално на меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“- рече Мехмандар.

Обилниот снег во областа Техеран и северните провинции ќе продолжи да паѓа до утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот