Тегнел: Шведската стратегија за справување со коронавирусот е подобра од вонредната состојба

Истакнатиот шведски епидемиолог и шеф на државната Агенција за јавно здравје, Андерс Тегнел, изјави дека неговиот коментар дека Шведска може подобро да се справи со епидемијата на коронавирус не значи и дека тој ја отфрла стратегијата што беше применета за време на кризата, пренесува шведскиот портал Локал.

-Доколку требаше да се соочиме со истиот предизвик денеска, знаејќи се што научивме во меѓувреме, мислам дека би измислиле стратегија за борба која би била нешто помеѓу тоа што го направивме и тоа што е направено во светот, рече утринава овој шведски експерт во радио-емисија.

Неговиот норвешки колега, епидемиолог и директор во Норвешкиот институт за јавно здравје, Фрод Форланд, минатиот месец ја обвини Шведска дека премногу непопустливо се држи до плановите што ги подготви долго време пред пандемијата и затоа не успеа успешно да се прилагоди на ситуацијата, околностите и новите информации што пристигнаа по прогласувањето на пандемијата.

Шведскиот стручњак и неговите колеги во Агенцијата за јавно здравје постојано тврдат дека нивната стратегија за постепено воведување мерки и информирање на луѓето со цел да ги убедат доброволно да ги следат советите и мерките на експертите е подобра од воведувањето вонредна состојба.

Тегнел, меѓутоа, оцени дека премногу луѓе го загубија својот живот од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот