Тегелтија: БиХ е подготвена да биде дел од „мини-Шенген”

EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, изјави денес во Лакташи дека БиХ е подготвена да биде дел од „мини-Шенген”, како и секој друг проект што ќе ја подобри економската соработка на земјите од регионот, јави дописникот на МИА од Белград.

Тегелтија изјави дека во Европа има отпор поради името „мини-Шенген”, сметајќи дека тоа е нивен проект, оценувајќи дека не би било проблем да се смени тоа име.

Тој истакна дека претставникот на БиХ, доколку биде поканет, ќе присуствува на следниот состанок за „мини-Шенген”.

-Ние се согласуваме дека соработката треба да се унапреди, особено во инфраструктурата, бидејќи е тешко да се има квалитетна економска соработка доколку инфраструктурата е лоша, изјави претседавачот на Советот на министри на БиХ.

Тегелтија кажа дека постои целосен договор на сите во БиХ да разговара за аранжманот со претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), но, како што оцени, со јасни цели и политики за нивна реализација. об

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот