Тедрос: Вакцини за БиХ штом ги исполнат условите на Фајзер

Тедрос Аданом Гебрејсус / Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Претседателот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус му пиша на Претседателството на БиХ за моменталната состојба во врска со набавката на вакцини против коронавирусот.

Во писмо, во кое имало увид порталот Кликс.ба, Гебрејесус му честиташе на Претседателот на Претседателството Милорад Додик, за подготовките што БиХ ги направи за да ги исполни барањата на компанијата Фајзер и системот Ковакс.

Тој известува дека се договорил со извршниот директор на „Фајзер” Алберт Бурла дека „Фајзер” ќе го извести доколку има проблеми со испраќање на вакцини и дека Бурла го уверил дека „Фајзер” ќе започне со подготовките за испорака на вакцината купена преку Ковакс во Босна и Херцеговина штом Владата потврди дека БиХ учествува во програмата за надомест на грешки во Ковакс, утврдена од СЗО.

Претседателот на СЗО во писмото вели дека верува дека ова ќе доведе до почеток на имунизација во наредните недели, а порталот Кликс потсетува дека пред три дена БиХ беше информирана дека испораката на вакцини преку Ковакс е одложена поради проблеми со исполнување условите поставени од Фајзер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот