Тедрос: Развојот на вакцините е добра вест, но пандемијата не помина

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека последниот напредок во развојот на вакцините против Ковид 19 е позитивен чекор, но и дека СЗО е загрижена поради се посилното верување дека пандемијата е завршена.

– Напредокот на вакцините ни дава поттик на сите и сега можеме да почнеме да гледаме светло на крајот од тунелот. Сепак, СЗО е загрижена поради растечката перцепција дека пандемијата на Ковид-19 помина, рече тој.

Тедрос додаде дека пандемијата ќе помине уште долг пат и оти одлуките на граѓаните и владите ќе одлучат кога таа ќе заврши.

– Знаеме дека беше тешка година и луѓето се уморни, но најтешко е во болниците кои се преполни и преоптоварени, рече тој.

Тедрос истакна дека на многу места се гледа голема трансмисија на вирусот поради што болниците, единиците за интензивна нега и здравствените работници се под огромен притисок.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот