Тедрос: Ковид-19 за неколку месеци може да се стави под контрола со почитување на мерките

Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека проблемот со пандемијата на ковид-19 сè уште не е решен, но оти може да се стави под контрола за неколку месеци со докажани мерки во заштитата на јавното здравје.

Тедрос на денешната прес-конференција изјави дека СЗО со нетрпение очекува општествата и економиите повторно да се отворат, а патувањата и трговијата непречено да продолжат, но оти во моментов одделите за интензивна нега во болниците во многу земји се преполни, луѓе умираат и можно е тоа да се избегне.

– Пандемијата на ковид-19 е далеку од својот крај, но имаме многу причини за оптимизам. Падот на бројот на новозаразени и смртни случаи во првите два месеци од годинава покажува дека овој вирус и неговите мутации можат да бидат запрени, рече директор на СЗО.

Тедрос исто така изјави дека зголемениот пренос на оваа инфекција најмногу се должи на збунетост и недоследност во спроведувањето на мерките за заштита на јавното здравјек

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот