Тедрос е охрабрен: Четврта недела опаѓа бројот на заболени, втора недела во опаѓање и смртните случаи

Тедрос Аданом Гебрејесус
Тедрос Аданом Гебрејесус / Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека падот на бројот на заболени со коронавирусот ширум светот е охрабрувачки, но предупреди дека не е време за олеснување на ограничувачките мерки.

Тој додаде дека бројот на пријавени случаи на инфекција на глобално ниво се намалува веќе четири недели, а бројот на смртни случаи е две недели во опаѓање.

– Се чини дека овој пад се должи на земјите кои ги засилуваат мерките за јавно здравје. Сето ова треба да нè охрабри, но задоволството е исто толку опасно како и самиот вирус, изјави Гебрејесус.

Тој додаде дека сега не е време ниту една земја да ги олесни мерките или која било индивидуа да се опушти.

– Секој живот што е зaгубен сега е уште потрагичен, затоа што почна вакцинацијата, нагласи шефот на СЗО.

Регистрирани се 108 милиони случаи на зараза со коронавирус во светот, 2,3 милиони луѓе починале како резултат на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот