Тедрос: Богатите држави да не прават залихи на вакцини и лекови

Вакцинација со „Фајзер“ вакцина / Фото: EPA-EFE/Liam McBurney / POOL

Богатите земји мораат да ги избегнуваат грешките што ги направија порано со акумулирање залихи на лекови и вакцини, предупреди директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус.

Тој ја осуди борбата на богатите земји да обезбедат огромни количини разни вакцини против коронавирусот, додека сиромашните нации сѐ уште не ги добиле првите дози.

Тедрос посочи дека пандемиите ги разоткриваат и експлоатираат нееднаквостите во светот и предупреди дека сега постои вистинска опасност вакцините, како средство за запирање на пандемијата, да ги влошат тие нееднаквости.

– Национализмот со вакцини може да послужи за краткорочни политички цели, но на крајот ќе биде кратковид и самоубиствен – рече Тедрос, пренесува Гардијан.

Тој додаде дека целта на Ковакс е да почне со доставување на првите дози во следните неколку недели, и да се почне со вакцинирање на медицински работници и постарата популација во сите земји во првите 100 денови од оваа година.

Тој го повика светот да не ги повторува грешките од кризата со ХИВ инфекцијата, кога богатите земји набавуваа лекови со децении пред да станат достапни во посиромашните земји. Тедрос исто така потсети дека за време на пандемијата на вирусот на грип Х1Н1 во 2009 година, вакцините стигнале до сиромашните земји дури по завршувањето на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот