Тедески, претседателот на Атлантик груп одржа жесток говор: Кога некој збори српски, ние го фрламе во море

Денес во Загреб, во просториите на Музичката академија се одржала конференција „Претприемачки мајндсет“, а еден од гостите и говорниците бил и претседателот на Атлантик груп, Емил Тедески, кој во својот говор ја критикувал и самата Музичка академија, градоначалникот Милан Бандиќ, загрепскиот аеродром, а се осврнал и на ситуацијата околу Агрокор.

„За жал не можам да се сложам со Душко Чурлиќ (водител на конференцијата) кога вели дека од оваа куќа (Музичката академија) излегуваат прекрасни гласови. Имаше и глупости. Главниот извршен директор на оваа куќа го предложи нашиот градоначалник за почесен доктор на загрепскиот универзитет што е тотална катастрофа, затоа подобро би било оваа куќа да негува уметност и да ги промовира вистинските гении, па ако не може никого од оваа куќа тука се Мате Римац, Силвио, Роберто, Изабел (Основачи на Инфобип). Тие мора да добијат што побрзо почесен докторат затоа што ако не им го даде Загреб, некој друг сигурно ќе им додели“, изјави Тедески.

Тема на говорот била и иселувањето, а Тедески го коментирал и односот кон странците и вечната приказна за усташи и партизани.

„Имаме два ресурса. Имаме луѓе и природа. Луѓето ни заминуваат. Тоа е убаво, само кога би имале идеја да имаат каде да се враќаат. Но ние кога ќе видиме црнец сакаме да го линчуваме во Сплит. Кога слушаме како некој збори српски ние го фрламе во море. Кога ќе видиме азијат ние се уште се смееме и покажуваме со прст. На нас тоа ни е чудно. Ние сме длабоко затворени во себе, а единствена шанса ни е да се поврземе со светот. Поврзувањето нема ништо со отфрлувањето на сопствената традиција, ни најмалку. И време е конечно да одговориме што се случи меѓу 1941 и 1945 година, еднаш засекогаш. Светот се одреди само ние не сме одредиле чии дедовци, татковци, вујковци, па што. Беа и германци, па Германците денес се најнапредна нација во секој поглед, соработуваат со сите и немаат проблеми, но ние имаме проблеми сами со себе“, изјави Тедески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот