Театрологот Ана Стојаноска е нов претседател на фестивалското собрание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Фотографија: Меланија Георгиевска

На Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, одржано во Скопје, д-р Ана Стојаноска, театролог и професор на ФДУ, е избрана за нов претседател на Собранието на фестивалот.

Изборот на новиот претседател доаѓа откако Собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“ констатирало дека е изминат мандатот на досегашниот претседател Катарина Коцевска Хаџи Василева.

– Му благодарам на Собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“ што ме избра. Се надевам дека ќе имаме одлична соработка со сите театри. Главниот мој фокус ќе биде создавање на фестивал според современите стандарди, фокусиран на домашната драма и новиот театар. Со сериозен концепт и можност да се види каков театар создаваме денес, со програми што ќе го „оживеат“ театарскиот сјај и со грижа за театарското наследство – изјавила д-р Ана Стојаноска по нејзиниот избор.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 147, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 24-25 септември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот