Театарската претстава „Чудесна терапија“ вечерва на Охридско лето

Во рамките на драмската програма, вечерва на Охридско лето е театарската претстава „Чудесна терапија“ од Даниел Глатауер во изведба на актерите на Драмски театар, Скопје. Режисер на претставата е Димче Николовски. Почетокот е во 21 часот во Предворјето на црквата Св Софија. Претставата не е наменета за лица под 12 годишна возраст

Големината на една интимна врска меѓу двајца, се мери преку одговорот на прашањето: Дали успева да постои и надвор од љубовта?

Животот е генератор на пречки кои ја носат врската во неочекувани насоки и проблеми. Начинот на кој се справуваме со нив, може да ја зацврсне, а може и потполно да ја уништи. Во ваквите моменти, комуникацијата е единственото ненасилно и ефикасно оружје што го поседуваме.

Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се станува комплицирано.

Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем.

Зошто е важно да разговараме? Како да разговараме за вистински да ни помогне?

Оваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада.

Улоги:
Терапевтот: Соња Стамболџиоска
Јоана: Маја Вељковиќ Пановска
Валентин: Предраг Павловски

Драмтург: Александра Бошковска
Костимограф: Раде Василев
Автор на песна: Давид Матевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот