Театарска премиера во Битолскиот народен театар: Психолошки тест на капитализмот

Битолскиот народен театар ја постави новата претстава „Ноќта кога ја убив месечината“, работена по текстот „Мостот“ од Лорен ван Велтер, а во адаптација и режија на Марјан Ѓорѓиевски. Во претставата играат Александар Копања, Марјан Ѓорѓиевски и Валентин Светозарев, додека сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а кореограф е Валентино Апостоловски.

Во најавата на претставата режисерот Марјан Ѓорѓиевски открива дел од мизансценот, но и неколку прашања што се поставени во оваа драма: „Мост. Точно на полноќ. Месечина и двајца самоубијци. Случајна или намерна средба? Двата лика застанати на работ на нивното постоење, ги отвораат суштествените прашања за смислата на тоа постоење. Овој свет патува од психолошка реалност до апсурдна баналност, тој распон е огромен простор, дупка во која пропаѓате и копате во љубовните, семејните, општествените прашања со акцент на извитоперената слика на човекот денес. Капитализмот е на тест. Слободата и демократијата ги злоупотребуваме, живееме во автоцензура и предвреме се откажуваме од вистинското битисување, осамени сме и изгубени трчајќи по лажните вредности. Кој е вистинскиот човек денес? Каков треба да биде? Колку маски ставаме за да функционираме во изместената реалност, со ничкосани норми? Стравот за смртта и стравот од тоа вистински да се живее.“

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 69, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 20-21 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот