„Театар комедија“ продолжува со работа, објавен е конкурс за нов директор

Фото: Фејсбук, Ирена Стефоска

Министерката за култура, Ирена Стефоска и вработените во НУ Театар Комедија се договорија во следниот период да го одржат професионалното ниво на соработка и високото реноме на институцијата.

Стефоска ги информираше вработените дека согласно Законот за култура, денеска е објавен Јавниот оглас за нов директор со полн мандат од 4 години. Беше договорено, за времетраењето на Огласот, што е 15 дена, в.д. директор на установата да е актерката, од редот на вработените, Магдалена Ризова Черних, а уметнички раководител да е драматургот Дарко Јан Спасов.

Министерката Стефоска и ансамблот на НУ Театар Комедија изразуваат искрена желба на Јавниот оглас да се пријават сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, и најквалитетниот кандидат да биде избран за директор со редовен мандат. На тој начин, еден од омилените театари во земјава ќе продолжи со успешниот репертоар, за кој низ годините се бара карта повеќе.

Разрешена в.д. директорката на Театарот Комедија Нора Шаќири Марковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот