Теа Трповска – блогерка за храна: Готвам од мерак, за да ми игра срцето и душата да ми биде полна

Теа Трповска
Фото: Принтскрин / Instagram

Нејзините рецепти изобилуваат со богатство од овошје и зеленчук, кои ги обожува да ги купува на Зеленото пазарче и од сето тоа таа прави прекрасни топли инстаграм-приказни кои ја разгалуваат душата и го топлат срцето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ⋒ Tea Trpovska (@teatrpovska)

Теа Трповска одамна е присутна во светот на кулинарството со своите зготвени јадења и рецепти кои ги споделува на својот блог, како и на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук. Нејзините рецепти изобилуваат со богатство од овошје и зеленчук, кои ги обожува да ги купува на Зеленото пазарче и од сето тоа таа прави прекрасни топли инстаграм-приказни кои ја разгалуваат душата и го топлат срцето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ⋒ Tea Trpovska (@teatrpovska)

Напоредно Теа го води и инстаграм-профилот „Чинијата на Ирма“, на кој споделува искуства од исхраната на нејзината ќерка Ирма, која од шест месеци се храни по BLW методот. Односно со овој метод на децата храната им се дава исечкана на мали парчиња да можат да ја фатат со прстињата, наместо да се хранат со пасирана храна со лажица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ⋒ Tea Trpovska (@teatrpovska)

Освен едногодишната Ирма, нејзина инспирација во готвењето е и градот Скопје со кого има посебна љубовна приказна.

 

Обожавателите на кулинарството, одамна Ве знаат по Вашите приготвени јадења и рецепти, кои редовно ги споделувате на Вашиот инстаграм-профил. Приготвувате најразлични деликатеси, но што Ви е пасија да готвите -слатки, солени, месени работи….

– Готвам за своја душа. Од мерак. За да ми игра срцето и душата да ми биде полна. Пасија ми е тестото и лебот. Магијата на брашното и како тоа само во комбинација со вода може да направи чудо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ⋒ Tea Trpovska (@teatrpovska)

Со Вашите кулинарски марифетлуци, сте им инспирација на многу следбеници. Но, кој е Вашата инспирација во кулинарството?

Инспирација ми е моето малечко семејство. Желбата да им ги доловам моите вкусови од детството и она ново што сакам да го пробам. Инспирација ми е Скопје, мојот град. Пазарчето. Инспирација ми се Ели и Ирма. Старите тетратки и списанија кои ги чував и собирав кога бев мала. Светот. Шведска. Инспирација ми е секој оној кој има приказна да сподели со мене за неговата храна. Инспирација наоѓам буквално насекаде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ⋒ Tea Trpovska (@teatrpovska)

Она кое мене ме воодушеви е и инстаграм-профилот „Чинијата на Ирма“ на кој споделувате рецепти за бебешка здрава исхрана, инспирирани од секојдневната исхрана на Вашата ќерка Ирма.

– Едвај чекав Ирма да почне да јаде за да го започнам тој профил на Инстаграм. „Чинијата на Ирма“ е сликовница на моето бебе кое започна да се храни самостојно од нејзини шест месеци. Документирав преку слики и видеа како јаде и што јаде. Таа започна да јаде со BLW методот, каде бебињата се хранат сами, а не со лажичка како што налага традиционалниот метод на хранење на бебиња.

Го споменавте методот BLW- кога бебето не го храни мајката, туку се остава само да ја јаде храната, сервирана пред него исечкана на мали парчиња. Какво е Вашето искуство и зошто би им го препорачале на мајките?

– Искуството со овој начин на исхрана ми е одлично! Го препорачувам на сите родители кои претходно треба да се едуцираат многу убаво на тема BLW метод, па потоа да започнат да го применуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ⋒ Tea Trpovska (@teatrpovska)

Имате една посебна љубов со Скопје. Со неговото Зелено пазарче, вкусните јадења кои можат да се купат…Просто човек ужива додека ги гледа вашите фотографии и мини инстаграм-приказни за градот.

– Го обожавам мојот роден град – Скопје. Секоја населба има некој шарм и убавина, топлина и мир. Како и во претходниот живот да сум живеела баш тука, во Скопје. Скопје и јас имаме една нераскинлива врска. Наш јазик. Посебна љубовна приказна. Скопје ми е многу први нешта. Прво сѐ. Така и ќе остане. Зеленото пазарче. Ох, тоа е посебна и интимна приказна. Обожавам да одам на пазарче. Обично одам сабота или во недела, сабајле. Во осум часот наутро излегувам од дома. Земам неколку торбички и шетам низ тезгите. Купувам со особен мерак и љубов. Ги гледам пазарџиите и потајно сакам сите да ги прашам која е нивната животна приказна. Како живеат тие во овој град и што ги прави среќни. Ме интересираат живо интимните приказни на луѓето. Она што го носат во душата. Фотографирам сѐ што ми прави да се чувствувам убаво и мирно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ⋒ Tea Trpovska (@teatrpovska)

Што Ве прави среќна секој ден?

– Моето семејство. Буквално среќата на моите луѓе со кои го делам кровот од нашиот стан од 45 квадратни метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот