Теа Беговска: Со фестивалот „Театарски европски алтернативи“ сакаме да ги преиспитаме новите уметнички форми

Теа Беговска, режисер/ Фото: Слободен печат

На 17 септември почнува првото издание на онлајн интернационалниот алтернативен фестивал „Тетарски европски алтернативи”. Оваа година фестивалот ќе претстви над 70 учесници во различни уметнички области. Публиката ќе има можност да гледа 11 театарски продукции во интернационална и студентска програма од: Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија, Словенија, Словачка, Италија, Франција, Австрија и Англија.

Мотото на фестивалот е „Strum und Drang“ или „Бура и продор“инспириран од познатото германско револуционерно движење во областа на уметностите. Сите претстави и настани на овогодинешното издание на некаков начин се поврзани со мотото како идеја, како форма и како начин на иразување.

„Тоа е еден период коишто ние театарџиите добро го познаваме и му се воодушевуваме, а особено ми е драго што сега ја запознаваме и публиката со тој период. Она што конкретно го зедовме како инспирација од тоа време е да видиме кои се новите форми кои се создаваат денес. Не се ограничуваме само на театарот, бидејќи и самото движење „Strum und Drang“ се случило во сите области на уметноста. Се разбира, ние како фестивал сакаме да промовираме и млади нови автори, поети, музичари и други автори кои творат во некакви нови форми. Ние оваа година имаме над 70 гости и би било возможно сите да дојдат во живо доколку имавме таков буџет со кој би можело тоа да се реализира, бидејќи станува збор за сериозна организација. Освен пандемијата како причина за тоа зошто фестивалот се одвива онлајн, ние немаме толку поддршка, а и првично фестивалот беше презентиран како онлајн издание. Ние заради пандемијата секојдневно развивме аверзија кон онлајн формата, но мислам дека тоа ни нуди и некои нови можности“, за Утрински брифинг, вели режисерката Теа Беговска, која го организира фестивалот.

Таа рече дека публиката ќе има можност да гледа 11 театарски продукции во интернационална и студентска програма од Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија, Словенија, Словачка, Италија, Франција, Австрија и Англија.

Во програмата „Нов бран“ ќе се претстават 12 македонски уметници во четири категории: поезија, музика, дизајн на постер и фотографија. Исто така ќе се претстават млади автори со нивните нови драмски дела на настанот „Скопските шепоти, крици и драматизирања” во продукција на Македонски центар ИТИ.

Во рамки на студентската програма ќе се одржи Универзитетската конференција на која ќе учествуваат универзитетски професори од седум држави. Додека на последниот ден од фестивалот ќе се одржи програмата „Едноминутна актерска игра” на студенти по актерска игра од различни држави и видео префроманс на актерот Петар Милошевски кој е создаден за време на полицискиот час.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот