„ТЕ-ТО“ дематира: Лага е дека сме профитабилна компанија, која остварува милионски добивки

Те-То ќе обезбедува дополнителни количини струја уште два месеци/ Фото: МИА

Постапката која ја води Енергетската заедница во соседната држава, наведуваат во демантот од „ТЕ-ТО“, а на која се повика утрово господинот, Ивица Стојановски, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, е за сосема друга работа и нема допирни точки со државната помош на ТЕ-ТО АД.

Компанијата „ТЕ-ТО“ излезе со демант, во кој нагласува дека постапката за доделување на државна помош е законска и не е спротивна на договорот на Енергетската заедница.

Постапката која ја води Енергетската заедница во соседната држава, наведуваат во демантот од „ТЕ-ТО“, а на која се повика утрово господинот, Ивица Стојановски, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, е за сосема друга работа и нема допирни точки со државната помош на ТЕ-ТО АД.

-Целосна лага е дека ТЕ-ТО АД е профитабилна компанија која остварува милионски добивки. Добивката во 2018 година за која ТЕ-ТО АД е обврзано да плати данок на добивка е резултат на отпис на побарувања кои од ТЕ-ТО АД ги имаат неговите сопственици, меѓу кои и Топлификација АД. Доколку ТЕ-ТО АД беше профитабилна компанија со милионски добивки немаше да спроведува стечајна постапка со план за реоргнизација. Како резултат на планот за реорганизација и отписот на побарувањата се создаде добивка само на хартија, која е нереална и е само сметководствено прикажана. Заради тој отпис, согласно македонскиот закон за данок на добивка иако е само пресметковна добивката, на истата се пресметува данок на добивка од 10%. Ваквата состојба е економски нелогична, бидејќи на компанија која е во стечај заради тоа што не може да ги отплаќа обврските и ги отпишува, и се наметнува нова државна давачка- наведуваат во демантот.

Согласно препораките на Европската Унија преку Европскиот Парламент и Советот на Европа, во ваков случај кога има отпис на побарувања со судска одлука за реорганизација, компанијата не подлежи на даночна обврска за отпишаните побарувања, велат оттаму.

Спротивно на европските препораки, компанијата ТЕ-ТО АД е дополнително обременета од државата со данок на добивка. Со државната помош оваа дополнителна административна давачка државата само ја одложи, но не му ја прости на ТЕ-ТО АД како што би било ред согласно европските препораки.

На тој начин ТЕ-ТО АД после 9 години ќе и плати на државата данок од 16 милиони евра, данок кој не би го платиле останатите гасни електрани на европскиот пазар во ваков случај. Во најголем број европски држави вклучувајќи ги државите во соседството, на отпис на обврски во стечајна постапка не се пресметува никаков данок.

-Контрадикторни се обвинувањата на господинот Ивица Стојаносвки за лажен стечај, бидејќи само пред една година Топлификација поднесе барање за стечај на ТЕ-ТО АД со свој алтернативен план за реорганизација, потврдувајќи дека причините за стечај се објективни и дека постоеле услови за реорганизација. Дополнително, Топлификација ги имала на увид годишните извештаи на ТЕ-ТО АД каде се забележува ниската рентабилност пред се заради високата цена на природен гас на пазарот во Република Северна Македонија, многу повисока од она што Топлификација и другите акционери го предвиделе и одобриле во физибилити студијата за проектот кога се носела инвестициската одлука. Така што, нема никаков лажен стечај туку тоа е објективна состојба на ниска рентабилност на компанијата, која е потврдена со судска одлука- наведуваат оттаму.

Сите овие изјави, наведуваат во соопштението од компанијата, се една голема лага со која се врши манипулација на јавноста и притисок врз институциите, со единствена цел ТЕ-ТО АД да се ликвидира, на штета на сите акционери, државата и вработените, а со цел затскривање на личната одговорност на поединци во Топлификација во однос на проектот ТЕ-ТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот