ТЦР Италија: Зелено светло за Стефановски во Имола! (ВИДЕО)

фото: facebook.com/TCREasternEurope

Македонскиот возач не беше во можност да учествува во првите две рунди од ТЦР Италија натпреварувањето поради рестрикциите за патување предизвикани од Ковид-19.

Но, сега Игор Стефановски Иџе има зелено светло за настап на легендарната Имола со неговиот „Хјундаи“.

Нашиот Иџе ги продолжи подготовките и тренинзите за сезоната и се надева дека ќе го повтори успехот кој го имаше во 2015 година во ЕТЦЦ.

Во изминатите сезони имаше неколку трки во ТЦР Италија, секогаш борејќи за најдобрите топ позиции. Неговата цел е барем да оствари неколку победи оваа сезона.

Минатата година учествувавме во неколку трки со „Купра“ и покажавме дека можеме да се натпреваруваме со најдобрите, освојувајќи неколку подиуми. Оваа година исто така сакам да постигнам слични резултати со „Хјундаи“, но и шанса за неколку победивели Стефановски.

В петок (28 август) се двата слободни тренинзи, па ќе следуваат квалификациите, а в сабота и недела ќе биде првата и втората трка.

Македонска екипа на подиум во ТЦР Европа шампионатот!

Видео на денот