Тбилиси: Грузија дојде во водство од пенал, па израмни Ристовски! (ВИДЕО)

EPA-EFE/ABIR SULTAN

Нерешено е после првото полувреме на натпреварот (1:1) од второто коло во Лигата на нации помеѓу репрезентациите на Грузија и Македонија на „Динамо Арената“.

Грузијците дојдоа први во водство во 13 минута од пенал кој го реализираше Окриашвили (1:0), претходно Алиоски направи прекршок во казнетиот простор.

Израмнувањето се случи во 33 минута, им ја украдовме топката на средината од теренот и во една полуконтра капитенот Пандев убаво асистираше до Ристовски (1:1) кој рутински го пронајде патот до мрежата на Лориа.

За нашиот дефанзивец и воедно член на португалскиот клуб Спортинг Лисабон ова е втор погодок во националниот сениорски дрес, првенецот го имаше во 2017 година во домашниот пораз од Шпанија (1:2) во квалификациите за СП 2018.

Двата голови можете да ги погледнете на видео записите:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот