ТАЖНА ВЕСТ: Почина македонскиот манекен Филип Алексовски

Филип Алексовски / Фото: Инстаграм

Македонската модна сцена деновиве е во тага поради прераната смрт на манекенот Филип Алексовски, кој имаше само 28 години и беше член на модната агенција Модел Ин во чии рамки ја градеше својата успешна кариера.

– Веста за неговата смрт нè натажи сите, во негова чест да се потсетиме на кариерата на овој манекен со маркантен и специфичен изглед, објави порталот stylist.mk.

Филип Алексовски е роден на 1 октомври 1993 година во Скопје, а со манекенкство почнал да се занимава во 2008 година кога се појавил на кастинг во модната агенција Моделс Ин.

Два пати беше заштитно лице на модниот бренд Румор, се појави во кампањи за Bistisani, Sheezick na Reezick, Nike, реклами за Apple Bandit и Pepsi, фотосесии за Fashionel.mk, модни ревии за Кокев, Made in Macedonia, FSWK, Ристо Бимбиловски, Јован Петровски… Последната ревија му беше во јуни на настан на Британската амбасада, кога носеше модел на реномираниот дизајнер Никола Ефтимов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот