Тажно: Најстариот човек на светот, својот 112 роденден го прослави сам, во изолација

Запрашан за тоа која е неговата тајна за долг и здрав живот, Боб вели: „Не јадам толку месо колку што јадев, и пијам само кога сум на забава“.

Боб Вајтон, најстариот човек на светот го прослави својот роденден денеска.

Овој 112- годишен старец од Алтон, Хемшир, сведок е на пет монархии, 22 премиери, две светски војни, шпанскиот груп и морбили, како и многу други настани.

Титулата најстар човек на светот Боб ја наследи по смртта на Јапонецот Читетсу Ватабе минатиот месец.

Запрашан за тоа која е неговата тајна за долг и здрав живот, Боб вели: „Не јадам толку месо колку што јадев, и пијам само кога сум на забава“.

Боб е роден на 29 март, 1908 година во Хул. Студирал машинско инженерство, патувал низ светот, живеел на Тајван, во Канада и во САД пред да се врати во Англија во 1946 година со својата сопруга Агнес и трите деца. Тој исто така има 10 внуци и 25 правнуци. Последно негово звање пред пензионирање во 1973 година беше предавач на Градскиот Универзитет во Лондон.

За разлика до претходните роденден кои Боб ги славеше со своето семејство и пријатели во неговиот пензионерски стан, овој мора да го прослави сам, во изолација поради опасноста од коронавирусот поради која во домашен карантин е Островот.

-Се е откажано, нема посетители, нема прослава“, рече тој за Прес Асосиејшн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот