Тажно лето за Њукасл, си оди Бенитез

twitter.com/nufc

И тоа со големо разочарување Њукасл ја објави ваквата информација на својот Твитер профил за заминувањето на Бенитез.

Шпанскиот стратег ќе ја напушти клупата од моментот кога ќе истече договорот на клубот, поточно на 30 јуни 2019 год.

Освен Бенитез, и неговите досегашни помошници во стручниот штаб, исто така ќе си заминат, Пако де Мигел Морено, Антонио Гомез Перез и Микел Антиа на крајот од месецот.

– Се обидовме да ја продолжиме соработката со Рафа и неговите претставници, но разговорите немаа позитивен крај – велат од Њукасл.

Бенитез три години беше на клупата, во тој период за 141 натпревар имаше учинок од 62 победи, 53 порази и 31 нерешен резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот