Тажната приказна за тренерот кој го направи Федерер најдобар тенисер (ВИДЕО)

twitter.com/JPrefabricada

Швајцарецот денеска го прославува 39. роденден, но покрај него не е тренерот кој работеше со него на почетоците од кариерата.

Новак Ѓоковиќ ја имаше Јелена Генчиќ, Рафаел Надал својот вујко Тони на почетоците од кариерата, така и Рожер Федерер имаше тренер за кој речиси никој не знае, Питер Картер.

Северин Лути му е тренер, а воедно и пријател на Швајцарецот повеќе од 20 години, но првиот човек кој го запозна Федерер со тенисот и со рекетот беше токму Картер. Тоа се случи кога Федерер имаше девет години.

– Пристапот на работа е многу важен за Австралијанците.Мислам дека многу профитирав но и научив како млад тенисер и Питер Картер беше многу важен во формирањето на мојот карактер – изјави Федерер пред десетина години.

Во времето кога Федерер се пробиваше кон врвот на тенискиот свет, Картер водеше уште една „војна“, неговата сопруга беше болна од канцер. По успешната борба со канцерот, Картер и сопругата одлучија да заминат на романтичен одмор, а Федерер им предложи да одат во државата од која потекнува неговата мајка, Јужна Африка.

Една недела по 21. роденден на Швајцарецот и 37. на Картер (роден е на 9. август), Питер и неговата сопруга Силвија заминаа на сафари во Националниот парк во Јоханесбург кое трагично заврши за тренерот.
Имено, возачот на нивното возило излетал од патот бидејќи морал да избегне судар со комби. Возачот и Потер загинале на лице место бидејќи нивното возило ја пробило оградата и паднало во реката.

Федерер за страшната вест дознал додека настапувал на турнир во Канада. Несреќата толку го погодила Швајцарецот што наводно тој трчал низ улиците на Торонто „викајќи и плачејќи“.
На првиот дуел во Дејвис купот по несреќата, Федерер носел маица со името на Картер на грбот.
– Питер Картер е најзаслужен за мојата техника, онаа техника за кога луѓето толку многу зборуваат. Со години работев на усовршување на тоа, но Питер ги постави темелите и затоа сум среќен што неговите родители гледаа како тука ја освојувам титулата. Тоа многу ми значи – изјави Федерер за време на годинешниот Австралија Опен.

Во интервјуто Федерер не можеше да ги скрие емоциите по прашањето што би му рекол на Питер доколку го види со 20. грен слем титули.
– Се надевам дека би бил горд. Сакаше да не бидам само некој талентиран тенисер. Неговата смрт ми беше повик за будење и поради тоа тренирав многу посилно и повеќе. Среќен сум што ги имав вистинските луѓе во вистинско време, јас ги носев одлуките но имав и голема среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот