Тажната приказна на брачен пар од Мичиген: Биле во брак 47 години, а починале од ковид-19 во истата минута

Брачен пар од сојузната држава Мичиген кои биле хоспитализирани една недела, починале во истата минута од коронавирусот, после 47 години во брак, пренесе Си-Ен-Ен.

„Тие буквално правеа сè заедно. Иако бевме сериозно погодени од нивната смрт, сега кога размислувам не е толку изненадувачки бидејќи тие беа заедно цело време”, изјави Јоана Сиск, една од нивните две ќерки.

Патриција и Лесли Мекватерс се меѓу 268.087 лица кои починале од коронавирус во САД, а бидејќи бројот на хоспитализации продолжува да достигнува нови највисоки нивоа, експертите се загрижени дека ќе следат уште значително поголем број смртни случаи, пишува Си-Ен-Ен.

„На прв поглед, тие изгледаа сосема поинакви. Таа беше пензионирана медицинска сестра која не прифаќаше глупости, а тој беше забавен пензиониран возач на камион. Но, заедничко за нив беше нивната искрена љубезност и грижа за другите луѓе”, рече Сиск.

Патриша, која работела како медицинска сестра 35 години била првата што се заразила со коронавирус, но од болница ја испратиле дома да се изолира. Следната недела и таа и нејзиниот сопруг завршиле во болница, а после една недела починале.

Персоналот на болницата вели дека тие починале буквално во истата минута и им напишале исто време на смрт на двајцата: 24 ноември 2020 година, во 16:23 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот