Тажна вест: Почина трикратен боксерски шампион

Фото: Screenshot

Tрикратниот боксерски шампион во суперантам категоријата, Мексиканецот, Израел Васкез почина на 46-годишна откако ја загуби битката со ракот.

Трагичната вест во текот на денешниот ден ја потврди претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулаиман. Васкез беше еден од најпознатите боксери од мексико и голем ривал на сонародникот Рафаел Маркез со кого се бореше четири пати.

ВБЦ минатиот месец објави дека на Васкез му е дијагностициран рак и организираше акција за собирање на средства за негово лекување, но за жал Васкез не успеа да се спаси.

„Ирзаел Васкез, почивај во мир. Ти благодариме, за сите спомени кои ни ги донесе во рингот и надвор од него. Сега си вечен, уште еднаш, почивај во мир“, објави Сулаиман на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот