Тажна вест: Почина примабалерината Натка Пенушлиска-Митровска

Натка Пенушлиска, примабалерина/Фото: Министерство за култура

НУ Национална опера и балет информира дека почина примабалерината Натка Пенушлиска-Митровска (1934 -2022 година).

Балетското образование го стекнала во Средното балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, а потоа се доедуцирала кај познати педагози во Париз.

– Исклучително талентирана, Пенушлиска ја започнува балетската кариера на 14-годишна возраст, играјќи ја главната улога на Марија во „Бахчисарајска фонтана“, првиот целовечерен балет поставен на сцената на МНТ. Ги игра сите главни улоги од програмата на балетскиот ансамбл. Примабалерина со извонредно чиста и прецизна класична техника, виртуозност и експресивна емотивност при креирањето на улогите. Пенушлиска е синоним за балетската уметност во Македонија. На Југословенското балетско биенале во Љубљана (1960) е прогласена за најдобра класична балерина. Управува со Балетот при МНТ (1967-1968) – информираат од Националната опера и балет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот