Тажна вест: Почина писателот Радован П. Цветковски

Радован П. Цветковски
Радован П. Цветковски / Фото: Фејсбук, Радован П. Цветковски

Вчера, на деведесет и две годишна возраст, по кратко боледување, почина писателот Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист. Роден е на 3.9.1931 година во Сопотница, Демир Хисар, соопшти Друштво на писателите на Македонија.

Беше член на Друштвото на писатели на Македонија, Македонското научно друштво Битола, Друштвото на фолклористи на Македонија и на Управниот одбор на списанието ,,Современост“.

Делата на Цветковски се застапени во повеќе антологии.

Добитник е на неколку значајни награди и признанија, меѓу кои и на „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2019 година.

Ги објавил следните дела:

Поезија: „Моето поднебје“, „Кругови од лузни“, „Камен и небо“, „Бели несоници“, „Дедо ми во балканските војни“, „Кога ѕвездите кон небо паѓаа“, „Јазли на душата“, „Корени од прагот“, „Даги“, „Прекршено време“, „Сонето пратчувство“ и „Навите“.
Поетски избори: Врати во пејсажот, „Аманети“, „Распетие наше“
Проза: „Ангелот и клучот“, „Блиску до умот“.
Проза за деца и млади: „Смокот пештерски“, „Рашко“, „Приказни од лозје“.
Критики истудии: „Видувања“, „Отаде и одавде времето“.
Фолклористички дела: „Македонски народни пословици““, „Сказанија демирхисарски“, „Демирхисарски и други сказанија“.
Дела од областа на дијалектологијата и лексикографијата: „Студија за демирхисарскиот говор“, „ Речник на демирхисарскиот говор“.

Погребот ќе биде извршен денес во 12 часот на Битолските градски гробишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот