Тажна вест: Почина Лазар Николовски, сопственик на Радио105 Бомбардер

Фото: МИА

Во Битола денеска на 68-годишна возраст почина Лазар Николовски, сопственик на популарното битолско радио 105 Бомбардер.

Лазе Николовски беше меѓу првите приватни радиодифузери во градот и државата, а со начинот на работа стана препознатлив во етерот и со голем аудиториум.

Лазар Николовски беше почитуван, редовен мајтапчија и шегаџија, пријател и соработник со битолските новинари од сите медиуми.

Погребот ќе се изврши утре напладне на Светонеделските гробишта во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот