Тажна вест: Почина актерот Митко Апостоловски

Митко Апостоловски
Митко Апостоловски / Фото: Фејсбук, Народен театар - Битола

Реномираниот македонски театарски, филмски и телевизиски актер Митко Апостоловски почина на 67-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја пренесе неговиот колега Петар Горко на социјалната мрежа Фејсбук.

„Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот“, напиша Горко.

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955 година. Дипломирал на Отсекот за драмски глумци при Вишата музичка школа во Скопје. Во текот на својата актерска кариера, тој работел во Народниот театар во Битола и во Народниот театар во Куманово.

Тој има одиграно бројни улоги по кои ќе остане запаметен. Меѓу нив е и улогата на Аритон во филмот „Големата вода” (2004) на Иво Трајков, потоа Димитрија во филмот „Трето полувреме” (2012) на режисерот Дарко Митревски и Ристо во „До балчак” на Столе Попов од 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот