Тажна вест: Почина актерот Фред Ворд, познат по филмот „Tremors“

Почина холивудскиот актер Фото: IMDB-принтскрин

Актерот Фред Ворд почина на 79-годишна возраст. Смртта ја потврди неговиот публицист Рон Хофман. Тој не ја објави причината за смртта или каде починал од почит кон семејството на Ворд, пишува „Variety“.

Последната улога на Вард беше во втората сезона на „True Detective“ на HBO. Тој го играше пензионираниот полицаец, татко на ликот на Колин Фарел. Тој исто така се појави во „ER“, „Grey’s Anatomy“ и „United States of Tara“. Вард ја глумеше главната улога во „Henry & June“, каде беше и режисер. Во филмот од 1990 година глумеше и Ума Турман.

Фото: IMDB-принтскрин

Беше најпознат по неговата улога во филмот „Tremors“ во кој Вард глумеше заедно со Кевин Бејкон во 1990 година. Вард и Бејкон глумеа пар мајстори кои работат во пустинската заедница во Невада, кои наидуваат на чудовишта слични на црви.

Вард беше во брак двапати, со Силвија Вард и Мари-Франс Вард, Зад себе го остави синот Џанго од првиот брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот