Тажна вест од ЗОО Скопје: Почина жирафата Тобого

Фото: facebook
Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно нè напушти нашиот Тобого, пишува во постот на Фејсбук профилот на Зоолошка градина Скопје.
– Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати. Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите, истакнуваат од ЗОО Скопје.
Тобого е роден во Франкфурт на 9 декември во 2010 година, а жител на ЗОО Скопје беше од 5 ноември во 2013 година.
– Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување. Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен. RIP 2010-2021, се додава во постот на ЗОО Скопје на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот