Taжна вест од САД: Почина НБА-легендата Вилис Рид

Фото: Screenshot/Twitter

Taжна вест пристигна вечерва од САД каде што на 80 години почина легендарниот американски кошаркар и двократен НБА шампион, Вилис Рид.

Иако се уште не е објавена точната причина на смртта, медиумите во оваа земја соопштија дека Рид во последната година имал срцеви проблеми. Тој ќе остане најмногу запаметен како единствен кошаркар во историјата на Њујорк  Никси, кој беше МВП, а титулата најкорисен играч на лигата ја освои во 1970 година.

Во НБА лигата Рид помина 10 години и сите десет ги одигра во таборот на Никси со кои освои два прстена во 1970 и 1973 година.

Тој е еден од легендарните кошаркари кои се наоѓаат во топ 50 НБА играчи на сите времиња, а во текот на кариерата забележуваше просек од 18.7 поени и 13 скокови по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот