Тажна вест од Италија: Поранешен фудбалер на Каљари пронајден мртов

Фото: EPA/ROSAS

Андреа Капоне, поранешниот италијански фудбалер бил пронајден мртов во хотелска соба, потврдија медиумите во Италија.

Како што се пренесува, 43-годишниот Капоне бил пронајден со повреди на вратот, па се претпоставува дека починал поради пад. Според информациите Капоне претходната вечер бил излезен на забава со неговото друштво, а наредното утро починал.

Во хотелот пристигнала и брзата помош, меѓутоа веќе било предоцна и докторите можеле да констатираат само смрт. Полицијата веќе отвори и истрага за слуачјот.

Кариерата како фудбалер Капоне ја заврши во 2010 година, а играше за Каљари, Тревисо, Виченца, Гросето и Салернитана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот