ТАЖНА ВЕСТ ОД БЕЛГИЈА: Параолимписка шампионка се одлучи на радикален потег!

twitter.com/IndoSport

На Летните параолимписки игри во Лондон 2012 година го освои сребрениот медал на Т52 трката со количка на 200 метри каде што постави европски рекорд. На истите игри успеа да го освои златото на т52 трката на 100 метри.

На Светското првенство за параолимписки спортисти во Доха го освои првото место. На Игрите во Рио де Жанеиро 2006 година го освои среброто на т51/52 трката со количка на 400 метри и бронза на т51/52 100 метри.

И покрај нејзиниот успех, Верворт рече дека размислувала за еутаназија уште во деновите кога се подготвуваше за настапот на Параолимпијадата 2016 година во Рио.

Уште од својата 14 година страдаше од болна дегенеративна болест на мускулите и грбот која предизвикуваше огромни болки поради кои не можеше да спие, како и парализа на ногата.

Рио беше нејзината „последна желба“, после тие игри нејзината состојба уште повеќе се влошувала, со епилептични напади, по што мораше да ја заврши кариерата.

– Морате да живеете ден за ден и уживате во малите моменти. Кога денот ќе дојде, кога имам лоши денови, потоа добри денови, ги имаме моите документи за еутаназија. Но, времето уште не е дојдено – беа зборовите на Верворт која не помислувала веднаш на еутаназијата после игрите во Рио.

Документите за еутаназија ги потпиша уште во 2008 година, а како самата говореше после нејзината одлука, тоа и давало сила да се бори против болеста колку што може и инсистирала дека тоа не е никакво убиство или самоубиство. До самиот крај беше и нејзиното сакано куче, Зен.

Таа во вторникот (22. октомври) на 40 годишна возраст одлучи да ги заврши маките со еутаназија. Белгија е меѓу земјите каде што е легализирана еутаназијата од 28 мај 2002 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот