Тажна вест: Новинарот Драган Ристов ја изгуби битката со ковид-19

Фото: МИА

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко сочувство до семејството на колегата Драган Ристов кој почина поради компликации од ковид-19.

Тој беше долгогодишен новинар, во последниот период вработен во секторот за односи со јавност во Општина Штип.

Драган во својата новинарска кариера беше вработен во Радио Канал 77 и член на ЗНМ.

47-годишниот Драган Ристов зад себе остави сопруга и две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот