Тажна судбина на заборавената и сиромашна европска држава во која сѐ уште се умира од глад!

epa02800145

Молдавија е држава која е заборавена од сите. Европската Унија не ја споменува, а Русија ја користи за поткопување на интересите на Западот.

И нејзинииот сосед Романија како да се откажа од Молдавија. Во најсиромашната европска земја, целосно зависна од енергијата од Украина и Русија, луѓето живеат очајно. Просечната плата е околу 300 евра.

epa03072734

На почетокот на пандемијата, молдавската влада не беше во можност да набавува вакцини, бидејќи немаше со што да ги купи. Нема кој да лекува пациенти кои се сериозно болни од коронавирус. Платите на лекарите се 500 евра, а тие хронично недостасуваат бидејќи многумина среќата и шансата за подобар живот ја побарале во земјите од ЕУ, пишува Слободна Далмација.

Корупцијата, дивеењето на локалните шерифи, желбата за интеграција во ЕУ од една страна, и русофилството од друга, ја распарчуваат оваа мала земја.

Со распадот на СССР, Молдавија зачекори во независност со 50 отсто помал БДП. Земјата со години е во тешка економска депресија.

epa02966595

До 2006 година, дури една третина од населението беше толку сиромашно што меѓу нив имаше гладни луѓе. Во последните 15 години, пак, економската состојба е малку подобрена, пред се затоа што значителен број Молдавци заминаа во земјите на ЕУ или во Русија, па со пари од странство им помагаат на своите семејства кои живеат во Молдавија.

Молдавија се „наоѓа“ вклештена меѓу Истокот и Западот. Иако околу 60 отсто од населението го поддржува пристапот кон ЕУ.

Но Брисел воопшто не ја зема предвид интеграцијата на Молдавија, доека пак Москва е принципиелно незаинтересирана за оваа мала држава, освен кога треба да ја оневозможи да стапи во некакви релации со НАТО и ЕУ.

Политичката ситуација дополнително се усложнува со фактот што Молдавија, по стекнувањето независност од СССР, се соочи со сепаратизам.

Оние кои не го поддржаа патот на Молдавија кон Запад, ја основаа непризнаената Република Придњестровје со околу половина милион жители долж границата со Украина.

Иако, по краткиот воен конфликт во 1992 година, областа практично се отцепи од Молдавија, таа и натаму припаѓа во нејзините граници признаени според меѓународното право.

Романија им даде можност на Молдавците да земат државјанство, кое го користат оние кои сакаат да работат во таа земја или низ Европската Унија. Сепак, ниту тој факт не им помогна на граѓаните на Молдавија да излезат од големата сиромаштија која владее во земјата.

CHI01- 20020331 –

Инаку. во Молдавија има нешто помалку од 3 милиони жители.

Најголем дел од граѓаните преживуваат од лозарството. Имено, Молдавија е надалеку позната по своите врвни вина. Таму е најголемата винарска визба во светот, долга дури 900 километри.

Тоа е ходникот на поранешен рудник исполнет со повеќе од 2 милиони шишиња вино, па излегува дека е најголемата колекција на вино во светот.

Покрај лозарството и овоштарството, поточно земјоделството во кое доминира тутунопроизводството, молдавското стопанство го сочинуваат и услужни дејности, но тие, покрај ослабената индустрија и поради фактот дека Молдавија нема море, туризмот не е доволен за егзистенција.

Друга отежнувачка околност е тоа што поранешната молдавска индустрија, во која се инвестираше за време на СССР, остана во Приднестровје, а една од причините за отцепување беше тоа што беше населена со работна сила од Русија и Украина, па етничката структура која во минатото функционираше, сега е целосно променета.

Денеска Молдавија ја предводат жените, премиерката Наталија Гаврилица, која улогата на мандатар за состав на новата влада и ја додели првата претседателка Маја Санда.