Тажна фотографија од Австралија ја покажува суровата реалност на работниците во супермаркети поради коронавирусот (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Загрижена мајка од Австралија сподели фотографија од својата ќерка тинејџерка, која штотуку ја завршила својата смена во супермаркет, а токму со неа ги растажи корисниците на Фејсбук.

Дебара Најдрл од Таунсвил во Квинсленд сподели фотографија од својата 18-годишна ќерка Џордин, која лежи на кревет во солзи, буквално преморена, по напорната смена во тамошниот локален супермаркет.

Во објавата на Фејсбук, Дебара луто ги поттикнува луѓето да размислат за начинот на кој се однесуваат во време на пандемијата од коронавирусот.

„Им заблагодарувам на сите лудаци кои веруваат дека е во ред да се злоставуваат луѓето кои работат во продавници, секојдневно и повеќе пати во денот“, напиша таа на Фејсбук.

„Се надевам дека си во ред, „Луѓето се стока и не го заслужуваш ова“, гласат само некои од пораките со поддршка кои ги прими оваа девојка.

Како што пренесуваат австралиските медиуми, во последните неколку недели ситуацијата во супермаркетите во Австралија е ужасна, а на сликите кои се појавуваат на интернет доминираат исцрпени работници и панични купувачи.

Неодамна на интернет се појави и снимка од тепачка за тоалетна хартија од една продавница во Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот