Тазе пензионираниот Саша Поповиќ ужива во милионите: Јахта, станови, автомобили, скапи часовници

Instagram

Директорот на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ (66) од 1 ноември официјално стана пензионер. Но, медиумскиот тајкун воопшто не штеди пари кога е во прашање убавиот живот.

Поповиќ поседува неколку недвижности ширум светот, но и многу други работи.

Покрај недвижности, Саша во изминатите години парите ги вложувал и во скапоцени автомобили, но и јахти. Како што веќе пишуваа медиумите, Поповиќ поседува јахта која е усидрена на Хрватското приморје, а за нејзино одржување троши вроглави суми.

– Воопшто не жалам пари на такви работи, сакам да имам скапи и добри автомобили. А јахтата знам и сам да ја возам и поради тоа решив да ја купам – изјавил Поповиќ во една прилика.

Саша од секогаш бил вљубеник во автомобилите, па така еден од неколкуте што ги поседува, вреди дури 150.000 евра.

Instagram

Исто така, поседува и луксузен стан во Опатија кој вреди скоро 500.000 евра. Саша е љубител и на скапа и брендирана облека и аксесоари, поседува часовник од 50.000 евра.

Саша Поповиќ планира да изгради и луксузен комплекс на Авала во Белград, а неговиот дом на Бежаниска Коса, важи за еден од најскапите во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот