Таван од куќа паднал врз кичевчанка, на место загинала

Фото: МИА

66-годишна жена од Кичево загинала вчера, кога врз неа паднал таванот од нејзината куча, соопшти МВР.

„На 23.11.2022 година во 13.40 часот во ОВР Кичево пријавено е дека во куќа на улицата „Љубица Богеска” во Кичево врз С.И.(66) од Кичево паднала таванска конструкција, по што таа починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство“, велат од полицијата.

По наредба на Јавен обвинител, телото на почината жена било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот