Тава со кромид и свинско месо

Состојки:

3-4 свински шницли
2 помали главици кромид
3 моркови
500 грама шампињони
2 компира
1 помал рендан домат или доматно пире
масло за јадење
оригано
сол
црн бибер
куркума
5 супени лажици павлака

Подготовка:

Најпрвин целиот зеленчук се сечка ситно. Шницлите со кујнски чекан се чукаат убаво за да омекнат, а потоа се сечкаат на помали парчиња.

Откако намирниците ќе ви бидат иситнети, во тава на оган ставете го кромидот да се пржи. Пржете го додека не омекне, а потоа во тавата додајте го и ситно исечканото месо и морковите. Пржете неколку минути, а потоа додајте ги и печурките, ситно исечканиот компир како и доматот (или доматното пире). Пржете уште неколку минути, а потоа додајте ги потребните зачини и малку вода.

Оставете ја храната убаво да се издинста.

На крај, тавата со омекнатите намирници тргнете ја од оган и додајте ја павлаката. Убаво измешајте и префрлете ги состојките во тава за печење.

Печете во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 40 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот